Search

Во западниот дел на Косово КФОР спроведува повеќедневна воена вежба

Мисијата на КФОР од утре до четврток, 7 септември, ќе спроведе рутинска воена вежба на западот на Косово.

„Обуката ќе ја спроведува Регионалната команда-мултинационални контингенти Запад и ќе се фокусира на оперативната готовност и процедурите за подготовка на единиците. Во овој период војници и возила на КФОР ќе бидат стационирани во околината на Крушево и Дечанскиот манастир“, се вели во соопштението на КФОР.

Како што се наведува во соопштението, активностите за обука ќе опфатат дневни и ноќни движења, на главните и споредните патишта во реонот ќе бидат видливи колони од воени возила составени од тешка инженерска опрема.

„КФОР ги спроведува овие рутински вежби со цел тестирање и обука за да обезбеди навремен и безбеден одговор секогаш кога е потребно. КФОР се стреми да обезбеди минимално влијание врз цивилното население за време на вежбата и бара соработка од локалните заедници за време на оваа активност“, се вели во соопштението. 

Треба да знаете
Последни објави