Search

Откажа моторот на патнички авион кој принудно слета во Загреб

За време на летот откажал моторот на авионот на Луфтханза, па успеал принудно да слета на аеродромот во Загреб.

Авионот Ербас А321 НЕО (А321-271НКС) на германскиот превозник Луфтханза на летот од Тел Авив до Франкфурт неочекувано слета утрово во 7:43 часот по локално време на аеродромот во Загреб.

Екипажот на авионот прогласи вонредна состојба во воздушниот простор на Босна и Херцеговина и побара контролата на летање да биде пренасочена во Загреб, пишува „Авиорадар“.

Како што дознава Авиорадар, за време на летот на височина од 11.000 метри, моторот број два (моторот сместен на десното крило на авионот) се расипал. Итната помош го пречекала авионот на загрепскиот аеродром, но немало потреба од нивна интервенција.

Треба да знаете
Последни објави