Search

Нов протест в понеделник на исто место во исто време

Граѓаните кои попладнево се собраа пред Владата, а со протестото продолжија пред Јавното обвинителство бараа одговорност од тројцата последни министри за здравство, во врска со случајот на Клиниката за онкологија.

Учесниците на протестот го изразија револтот со фрлање на јајца кон ЈО и  извикуваа „убијци”, „мафија”, „оставка”, „нема правда, нема мир”, како и „правда за жртвите”. Тие повикаа на поддршка од сите граѓани без разлика на етничка припаднист или партиска определеност. Најавија дека повторно ќе има протести следниот понеделник во исто време и на исто место.

Во петокот беше отворена предистрага за случувањата на Клиниката за онкологија, а се вршеа претреси во здравствената установа, како и во два приватни стана во Скопје. Беа одземени документи и компјутери.

Треба да знаете
Последни објави