Меџити свика прес-конференција по повод случувањата на Онкологија

Министерот за здравство, Фатмир Меџити за денеска најави прес-конференција во врска со случувањата на Клиниката за онкологија. Истата е закажана во 13 часот. Во краткото соопштение испратено до медиумите се наведува: 

„Почитувани, во врска со случувањата на ЈЗУ УК за онкологија и радиотерапија, министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити ве повикува на прес конференција во салата за состаноци во Министерство за здравство во 13 часот“.

Инаку, граѓани денеска ќе протестираат во Скопје поради случајот со Клиниката за онкологија. Како што е соопштено, протестот ќе почне од 18 часот пред Влада, а потоа ќе продолжи пред Министерството за здравство. Во врска со протестот, првиот човек на државата, Стево Пендаровски се изјасни дека го разбира револтот на граѓаните и фактот што повикуваат на мирни протести, по случените скандали на Онкологија. 

Треба да знаете
Последни објави