Search

Трибина „Македонски труд – Европска социјална политика” во рамки на кампањата „Ние сме Европа“

 Во рамки на кампањата „Ние сме Европа“, организирана од Секретаријатот за европски прашања, денеска во Струмица ќе се одржи отворена трибина „Македонски труд – Европска социјална политика”. 

Настанот е дел од информативниот караван организиран од СЕП, под мотото „Саем на европски вредности“, а во рамки на караванот ќе се презентираат можностите и придобивките од преговорите што ги нуди членството во ЕУ.

Првата трибина, со која и официјално започна кампањата „Ние сме Европа“, се одржа завчера во Скопје, на тема „ЕУ за македонската економија”, а свое обраќање имаше премиерот Димитар Ковачевски. 

Кампањата „Ние сме Европа“ ќе се реализира во осум градови низ државата и покрај Скопје и Струмица ќе бидат посетени и Битола, Куманово, Охрид, Прилеп, Тетово и Штип. Темите што ќе бидат опфатени се економија, култура, енергетика, туризам, земјоделие, млади, инфраструктура и социјална политика.

Треба да знаете
Последни објави