Search

СП Кошарка: Италија ја изненади Србија, Литванија ја демолира Грција

Во втората групна фаза на Светското првенство во кошарка, денеска се одиграа осум интгересни натпревари. 

Италија се потруди за изненадувањето на денот и со 78-76 ја совлада фаворизираната Србија која испушти предност од 16 поени разлика. 

Американците потешко од очекуваното ја совладаа Црна Гора со резултат 85-73, додека Литванија буквално ја демолираше репрезентацијата на Грција, совладувајќи ја со 92-67.

Словенија ја победи Австралија со 91-80, додека Латвија продолжува да биде најголемото изненадување и денеска победи против Шпанија со резултат 74-69.

Треба да знаете
Последни објави