Search

Програмерот Ѓорѓе од Смедерево посегнал по експлозивот оти потстанарите не му плаќале кирија

По експлозијата во зграда во центарот на Смедерево, која ја предизвикал Ѓорѓе А. (57 г.), по професија програмер, кој се разнел со неколку килограми експлозив по расправија со своите потстанари, полицијата не дозволува пристап на насобраните станари.

-Тоа семејство живееше две години во оваа зграда. Тие беа потстанари на Ѓорѓе. Постојано се расправаа за киријата бидејќи не му ја плаќаа, а тој сакаше да ги избрка, пренесуваат изјава српските медиуми на жената која живее во зградата каде што се случи експлозија.

Таа смета дека Ѓорѓе синоќа не сакал да се самоубие.

-Сигурна сум дека не сакаше да се самоубие. Сакаше да ги убие, да ги “разнесе” и тоа е поради киријата. Не ми се верува што се случува околу нас, вели вознемирената жена.

Првиот сосед на Ѓорѓе А. вели дека проблемот биле 7.000 евра долг за неплатени сметки од неговите потстанари, за што извршители дури дошле да му го одземат имотот, пишува Мондо.

– Пред 10 години ја купи таа гарсоњера, а пред три години се пресели во тоа семејство, кое првично ја плаќаше киријата. Но, набрзо ја сменија бравата и човекот не можеше да влезе во неговиот стан – раскажуваат соседите.

По страшната детонација која одекна низ градот, на лице место почина Ѓ.А., а со тешки повреди се здобиле брат и сестра, Никола П.(25) и Миљана П.(22). Повреденото момче има сериозни повреди на окото, а според прогнозите на лекарите трајно ќе го загуби видот на едното око. Девојката (22) има повеќе исеченици по телото.

Експлозијата се случи на петтиот кат од зградата, од силината на експлозијата биле исфрлени сите врати во зградата, а целиот петти кат е целосно уништен.

Треба да знаете
Последни објави