Search

Почина Мoхамед ал Фајед без да најде одговор како загинаа неговиот син Доди и принцезата Дијана

Поранешниот сопственик на Хародс и Фулам, Мoхамед ал Фајед (94 г.) почина 26 години откако неговиот син Доди загина во сообраќајна несреќа со принцезата Дијана во Париз. Повеќето луѓе кои најдобро го познаваат ќе го паметат по неговата постојана потрага по одговори на прашањата поврзани со смртта на неговиот син Доди и Дијана, принцезата од Велс во сообраќајката што се случи на 31 август 1997 година.

Египетскиот бизнисмен Мoхамед ал Фајед е роден во Александрија и се преселил во Велика Британија во 1960-тите, станувајќи рана движечка сила во развојот на Дубаи, а подоцна заедно со неговите браќа ја купиле House of Fraser, која беше сопственик на Harrods, како и хотелот Ritz во Париз.

Треба да знаете
Последни објави