Search

Мигрантското прашање, билатералните односи и енергетската соработка во фокусот на работната вечера на Мицотакис и Мелони

Продлабочување и проширување на билатералните односи особено во економијата и енергетската соработка, заеднички иницијативи од взаемен интерес и мигрантското прашање биле темите за кои разговарале премиерите на Грција и Италија Кирјакос Мицотакис и Џорџа Мелони на синоќешната работната вечера во грчката метропола, јави дописничката на МИА од Атина. 

Од кабинетот на Мицотакис информираа дека за мигрантското прашање бил потврден заедничкиот став дека „европската миграциска политика бара чување на границите, како и потреба од сузбивање на мрежите на криумчарите и спречување на заминувањата од трети земји“.

Мицотакис и Мелони за време на работната вечера во Атина се договориле во првата половина на 2024 година да се одржи Врховниот совет за соработка меѓу Грција и Италија.

Треба да знаете
Последни објави