Search

Градоначалниците на СДСМ за 2 години со над 50% реализација на ветеното пред граѓаните

Градоначалниците од редовите на СДСМ со својата работа и реализирани проекти на локално ниво се пример за успешна и посветена работа во интерес на граѓаните напиша Ковачевски. 

За само две години, просечно во сите 17 општини раководени од градоначалници од СДСМ имаме веќе реализирани над 53% од ветените проекти пред граѓаните. Општините се развиваат и напредуваат.  

Тоа е огромна разлика во споредба со неспособноста на градоначалниците на ДПМНЕ кои за 2 години немаат реализирани проекти и не работат ништо за граѓаните.  

Ова достигнување ја одразува посветеноста на СДСМ за граѓаните.

Политиките на Владата се насочени кон рамномерен локален развој и економски напредок за подобрување на квалитетот на живот за сите граѓани.

Треба да знаете
Последни објави