Search

(Видео) Милан му го расипаа дебито на Лукаку за Рома

Ромелу Лукаку доби херојски пречек од страствените навивачи на Рома на „Олимпико“, но во својот прв меч за „волчицата“ тој и Жозе Мурињо мораа да се задоволат со минимален пораз (1:2) од Милан, кои ја почна сезоната со три победи на три меча промовирајќи се во еден од кандидатите за „скудетото“.

Само по девет минути игра во Рим беше досуден пенал за Милан кој Оливие Жиру го претвори во гол (0:1). Во 48. минута Рафаел Леао постигна прекрасен гол за 0:2.

Надежта на „римската волчица“ дека може да се врати во иградојде во 61. минута, кога втор жолт картон доби гостинскиот играч Фикајо Томори. Во 70. минута Лукаку доби шанса да влезе во игра на местото на Стефан Ел Шарави. И покрај теренската доминација и предност на играч повеќе, домаќините не успеја да постигнат гол до 92. минута, кога Леонардо Спинацола успеа да го совлада Мајк Мањон за нервозни последни минути.

За Рома ова е крајно разочарувачки старт на шампионите со едно реми и два порази во првите три кола.

Треба да знаете
Последни објави