Search

(Видео) Барди расоложен за голови пристигнува од Трабзон на репрезентативните обврски

Македонскиот фудбалски интернационалец Енис Барди во новата сезона ја има довербата од хрватскиот стратег Ненад Бјелица кој го предводи турскиот Трабзонспор, а тоа му донесе самодоверба и добра форма, од што корист ќе има и репрезентацијата. Новиот капитен на македонскиот државен тим Барди пред дуелите со Италија и Малта од кавлификациите за ЕП-2024 во вечерашниот меч од турскиот шампионат против Касимпаша постигна два гола.

Трабзонспор победи со 5:1, а Барди беше еден од најдобрите на теренот. Постигна два атрактивни погодоци, првиот во 28 минута кога зголеми на 2:0 и вториот во 64 кога го доведе неговиот тим до предност од 4:0.

Овие погодоци беа први сезонава за Барди во одиграните четири кола.

Треба да знаете
Последни објави