Search

Угостителските објекти со продолжено работно време за деновите од ,,Тиквешки гроздобер” 

 Угостителските објекти од Кавадарци ќе имаат продолжено работно време за деновите од „Тиквешки гроздобер”, традиционална стопанско – туристичка и културна манифестација, што ќе се одржи на осми, деветти и десетти септември.

За оваа одлука на Совет на општината Кавадарци, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. Според одлуката, за два часа се продолжува работното време на угостителските објекти, за време на фестивалот.

На повеќе од триесет официјални штандови за време на „Тиквешки гроздобер”, од страна на алкохол, ќе се нуди само вино, но и други производи од грозје, сокови и вода, информираше претходно кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, на седница на Совет на општината.

– Ова е така, бидејќи станува збор за манифестација во чест на гроздоберот и редно е да се промовираат производите од грозје, нагласи градоначалникот.

Треба да знаете
Последни објави