Search

Данска бара Русија да го намали бројот на вработени во Амбасадата во Копенхаген

Данското Министерство за надворешни работи соопшти дека го информирала рускиот амбасадор Владимир Барбин во Копенхаген оти руската мисија ќе треба да го намали својот персонал за да одговара на нивото на Амбасадата на Данска во Москва.

Таквата одлука уследи по долгите неуспешни преговори помеѓу Копенхаген и Москва по руските барања за визи за вработените во Амбасадата на Данска во Русија.

Во Амбасадата на Русија во Копенхаген ограничен е бројот на дипломати на пет, а бројот на административниот персонал на 20, поради што Москва ќе треба да повлече дел од својот персонал.

Во соопштението од данското МНР се посочува дека одлуката за намалување на бројот на вработени мора да се спроведе до 29 септември.

Треба да знаете
Последни објави