Search

Бразил ги замрси есапите во групата на мундобаскетот

Бразил направи огромно изненадување, победувјаќи ја фаворизираната Канада со 69:65 за сега сите четири екипи во групат Л на Светското првенство во кошарка да имаат идентичен скор од 3-1.

Новото засилување на српскиот евролигаш Црвена звезда, Јаго до Сантос го реши мечот со четири поени во низа во последната минута од мечот, откако претхдно имаше незабележителна улога на мечот. Бруно Кабокло ги држеше Бразилцитет во игра со 19 поени и 13 скока, додека Лукас Дијаз уфрли 8 поени.

За Канаѓаните, кои досега импресионираа на шампионатот, најдобар беше Гилџас-Александер со 23 поени, но не успеа да помогне во последната четвртина која Бразилците ја добија со 23:13.

Сега, патникот во четврт-финалето ќе се бара во последното коло – Бразил игра против Летонија, додека актуелниот шампион, Шпанија ќе се обиде да го продолжи турнирот со победа над Канада.

Треба да знаете
Последни објави