Search

Арсовска не дојде на седницата за советнички прашања, Универзална остана под надлежност на Град Скопје

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска не се појави на денешната седница на која на дневен ред беа советнички прашања.

Откако не успеа да се обезбеди присуство на градоначалничката претседателот на Советот Трајко Славевски ја прекина седницата, а не ја отвори ниту следната седница каде меѓу другите точки на дневен ред требаше да се најде и преземањето на Универзална сала од страна на Министерството за култура.

Со тоа, објектот на Универзална сала ќе продолжи да биде руиниран, бидејќи Градот нема намера да ја продолжи неговата реконструкција.

Повеќе од една година траат кавгите помеѓу советниците од ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на Советот Трајко Славески со Арсовска, програмите тешко се усвојуваат, проекти стојат нереализирани и сето тоа на штета на граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави