Search

Османи од медиумите дознал дека „Еуровиа“ е донатор на ДУИ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека од медиумите дознал оти фирмата „Еуровиа“ која го доби тендерот за адаптација на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ е донатор на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и не бил среќен кога го видел извештајот, бидејќи ги очекувал овие рекации.

-Знам дека е тешко за верување, но, верувајте, јас дознав дека фирмата е донатор откако беше објавено во медиумите. Но, верувајте дека никогаш не би ставил дамка на најважниот настан во историјата на оваа држава, изјави Османи на денешната прес-конференција.

Појаснувајќи ја постапката за избор на компанија, Османи посочи дека Министерството само ги рангира компаниите, ги пишува понудените цени и која е најевтина таа се предлага, па затоа фирмата не била проверена, туку само се прифатила нејзината понуда.

Треба да знаете
Последни објави