Search

Маричиќ: Хрватска како земја-членка во изминатите 10 години има искористено 25 милијарди евра европска помош

„Во изминатите 15 години Северна Македонија има искористено околу една милијарда од ИПА фондовите, додека Хрватска како земја членка за 10 години има искористено 25 милијарди евра. Затоа е можно денес да се во еврозоната, во Шенген зоната и затоа нашите млади работат таму“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на трибината „Ние сме Европа“ во Скопје.

Тој додаде дека заедничкиот пазар на ЕУ е единствена шанса за наш развој и за комплетирање на македонскиот мозаик на едно успешно мултикултурно и мултиетничко општество.

„ЕУ и досега ни помогна многу. ЕУ дипломатијата и нивниот ангажман повеќе пати помогнаа нашата земја да излезе од криза, а со финансиската помош суштински придонесоа во повеќе аспекти од нашиот живот“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека ЕУ има инвестирано средство во Коридорот 10, голем број на инфраструктурни проекти, железнички станици, канализации, водоводи, во земјоделието, образованието, како и во заштитата на нашето духовно и културно наследство.

Треба да знаете
Последни објави