Search

И ГОДИНАВА ЌЕ ИМА ДНЕВЕН ПРЕСТОЈ ВО КАРПОШ

Ве информираме дека и годинава во основните училишта во Општина Карпош ќе биде организиран дневен престој за учениците до четврто одделение. Нашата посветеност и грижа за најмладите карпошани e искрена и континуирана и секогаш во интерес на децата.

Тоа до сега многу пати сме го докажале преку различни проекти за доделување на стипендии за талентирани ученици и спортисти, бесплатни ужинки, постојани реконструкции на училишните објекти…

Оттука, непријатно сме изненадени од неодговорниот однос на одредени советници и згрозени сме од нивниот обид преку ширење лаги и шпекулации за наводно укинување на дневниот престој на четвртоодделенците што е апсолутна невистина, да заработат одредени политички поени на сметка на нашите најмлади сограѓани.

Треба да знаете
Последни објави