Search

Жоли во посета на Северна Македонија

Министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Жоли денес ќе престојува на работна посета на Северна Македонија, при што ќе оствари средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните односи во рамките на стратешкото партнерство меѓу двете земји, сојузништвото во рамки на НАТО, предизвиците на претседавање на земјава со ОБСЕ, како и останатите актуелности од областа на надворешната политика.

За време престој во Скопје, министерката Жоли ќе оствари средби и со Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, како и со министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Треба да знаете
Последни објави