Search

Во Мисисипи уловен најголемиот забележан алигатор

Алигатор голем колку теренско возило викендов бил фатен и убиен во Мисиспи, а чија големина го надминала досегашниот рекорд, јавија денеска дел од американските медиуми. 

Одделот за дивеч, риби и паркови на Мисисипи соопшти дека четворица ловци, Танер Вајт, Дон Вудс, Вил Томас и Џои Кларк, во саботата во реката Јазу кој се влева во Мисисипи, за време на отворена сезона за лов на алигатори фатиле алигатор мажјак.

-Тој беше долг 4,34 метри, со обем на стомакот од 167сантиметри и обем на опашката од 112 сантиметри. Тежок e 364 килограми, објави одделот на својата Фејсбук страница. 

Ловците се бореле со животното цели седум часа. Добар дел од опремата на бродот била унишена, тиe успеале да го врзат со јамка по што бил усмртен со сачмарка.

Рекордот на досега најголемо такво диво животно го држел алигатор со должина од 4,29 метри и 347 килограми тежок. 

Големината на новиот алигатор, забалежливо подолг, ги шокирала сите кои го виделе постоот на Фејсбук, јави Си-би-ес. 

-Ова е вистински диносаурус, напишале во коментарите. Други коментарат дека бил фатен вистински монструм. 

Ловците ќе добијат парична награда од државата за уловениот алигатор.  

Мисисипи одобри јавен спортски лов на алигатори во 2005 година. Сезоната трае десет денови и дозволува ловците да фатат најмногу два алигатора, само ако се поголеми од 1,2 метар. Правилата налагаат ако се лови втор алигатор тој мора да биде поголем од 2,2 метри. Ловот на овие диви животни во Мисисипи годинава започна во петокот. 

Во некои делови од државата алигаторите се причина за вознемиреност. На почетокот на годината на ловците им бил одоборен екстра двонеделен лов за да се намали популацијата на алигатори во некои области каде жителите се жалеле дека тие им ги напаѓаат кучињата. 

Жителите се плашат и од напади на алигатори врз луѓе, јавува Си-би-ес. 

-Прашање на време е кога некој ќе биде нападнат и повреден. Алигаторите треба да заминат, премногу се, изјави жителка на Пелахатчи беј. 

Треба да знаете
Последни објави