Search

Рама: Не верувам дека ќе станеме членка на ЕУ до 2030 година

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека не верува оти неговата земја ќе стане членка на Европската унија до 2030 година и покрај најавата на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

На Бледскиот стратешки форум тој побара од ЕУ да не држи само предавања, туку да дава континуирана поддршка, не само финансиски, туку и во однос на пристапот на регионот до заедничкиот европски пазар.

„Она што се случува сите овие години во овие земји е дека од една страна преку берлинскиот процес зборувавме за инфраструктурата и начинот на финансирање проекти, а од друга страна инфраструктурата ја градат Американци, Кинези и Арапи“, рече Рама, пренесува “Јуроњуз“. Албанија.

Треба да знаете
Последни објави