Search

Маричиќ: ЕУ перспективата е сè поизвесна!

ЕУ перспективата е сè поизвесна, да се фокусираме на обврските ако сакаме брз напредок во пристапните преговори, порача вицепремиерот Бојан Маричиќ по средбата на македонската делегација, предводена од премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Маричиќ на својот Фејсбук профил напиша дека имале значаен и отворен разговор со Шарл Мишел, низ кој било потврдено дека интеграцијата на Западен Балкан за Европската Унија е важна и дека тоа останува нејзин стратешки приоритет.

– Наша обврска е да ја искористиме позитивната атмосфера и во пресрет на европските избори да ја загарантираме нашата европска перспектива. Целта ни е да продолжиме со преговорите и да успееме, со обединетост и одговорен пристап кон спроведување на реформите и задачите кои ги имаме на патот до ЕУ, вели Маричиќ.

„ЕУ перспективата е сè поизвесна, да се фокусираме на обврските ако сакаме брз напредок во пристапните преговори.

За Европската Унија важна е интеграцијата на Западен Балкан и тоа останува нејзин стратешки приоритет, наша обврска е да ја искористиме позитивната атмосфера и во пресрет на европските избори да ја загарантираме нашата европска перспектива.

Континуираниот дијалог со претставниците на ЕУ дава добар сигнал и порака дека ова е можност да изградиме заедничка европска иднина – напиша вицепремиерот на ФБ.

Треба да знаете
Последни објави