Search

Пожарот е опасен, цела ноќ ќе сме будни, вели градоначалникот на општина Илинден

Пожарот во скопски Илинден и натаму е надвор од контрола.

„Не зафати еден страшен пожар. Над 100 хекатри се фатени, од нив 30 хектари се борова шума. Имаше критични ситуации каде беше загрозено селото Ајватовци и манастирот, но благодарение на пожарникарите, граѓаните, ДЗС и ЦУК, кои заедно со хеликоптерите и авионите, колку-толку се локализираше. Пожарот е опасен и активен и понатаму. Се надевам дека ноќта ќе биде тивка, а ние ќе бидеме будни цела вечер“, рече градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.

Ноќе не летаат хеликоптерите и авионите, па сега ќе се гаси само од земја. Приоритет ќе бидат првите имоти во село Ајватовци.

„Пожарот над Ајватовци е надвор од контрола. Зафатена е голема површина, најмалку 30 хектари. Поголемиот дел зимзелена шума. Постои опасност поради ветерот, огнот да се прошири кон селото Ајватовци и сега силите на противпожарната бригата на Град Скопје ќе се фокусираат на сопирање на огнот во насока на селото. Изгорен е т.н. Ајватовски рид. Рано наутро, веднаш по зазорувањето, двата полициски хеликоптери ќе почнат со дејство, а нешто подоцна и два ер трактори на ДЗС. На лице место сме и ќе се обидеме да направиме уште нешто за локализирање на пожарот во текот на ноќта“, вели директорот на ЦУК, Ангелов.

Треба да знаете
Последни објави