Search

Мицкоски веднаш да си даде оставка оти ја срами Македонија и партијата пред меѓународните пријатели

Фракцијата демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ со осуда за односот на лидерот на партијата Христијан Мицкоски кон заменик-помошникот државен секретар на САД  и специјален пратеник за Западен Балкан,  Габриел Ескобар и амбасадорот на САД во Македонија госпоѓа Ангела Агелер.  Фракцијата го повикува таканаречениот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, веднаш и неодложно да си поднесе неотповиклива оставка од функцијата која ја узурпира.

Со денешното  инаетење,  спротивно на интересите на Македонскиот народ, граѓаните на Македонија и државата Македонија, узурпаторот Мицкоски, сам си ја отвори вратата кон буништето на македонската историја.

ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш била партија која се залага за вредностите на западните демократии на чело со САД. Почнувајќи континуирано од историското ВМРО до создавањето на самостојна држава Република Македонија со нескриена и недвосмислена историска и актуелна поддршка и покровителство од САД и другите западни демократии. ВМРО-ДПМНЕ од 1990 година до денес и членовите на нашата партија не доживеале вакво понижување и срам, како што тоа денес им го приреди Христијан Мицкоски, отворено навредувајќи ги напорите и спротиставувајќи се на вредностите на САД и ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави