Search

Зголемен број на автобуси кон Матка за празникот Успение на Пресвета Богородица

Ве информираме дека во пресрет на верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), во недела (27.08.2023 год) на линијата 60 (Транспортен центар – Матка) во период од 17.30 до 23.30 часот ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.

Зголемен број автобуси на линија 60 ќе има и во понеделник (28.08.2023 година) од 7 до 18 часот.

Поголема фрекфенција на возила на посочената линија е поради очекуван зголемен интерес на граѓаните за посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Матка.

Во понеделник (28.08.2023 год) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а исклучок ќе бидат линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 51, 55, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Билетарниците и центрите за персонализација во понеделник нема да работат, а Жичарницата ќе функционира вообичаено, ќе работи од 10 до 20 часот, при што од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, а во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.

Треба да знаете
Последни објави