Search

Возилото кое е пукано кон Штекли е најдено запалено кај Треска 

Две маскирани лица со фантомки на главите, вооружени со пиштоли со пригушувачи и автоматски пушки пукале кон Раде Трајковски – Штекли во подземните гаражи во трговскиот центар „Ист Гејт“ во центарот на Скопје, неофицијално дознава „Фокус“.

Според нашите информации пукањето се случило пет минути пред 18 часот кај „Карбокс“, а напаѓачите излегле од автомобил „Ауди А4′ караван со странски регистерски ознаки.

Пукале кон Штекли кој останал неповреден и избегале во непознат правец. На местото на пукањето е најдена една чаура, а возилото е запалено и пронајдено кај езерото Треска кон Грчец.

Засега до МВР потврдуваат само дека е пријавено пукање и дека немаат информации за повредени.

Треба да знаете
Последни објави