Search

Украинската амбасада го одбележува Денот на Независноста на Украина

Амбасадата на Украина и Здружението на Украинците „Лесја Украинка“, денеска организираат настан посветен на Денот на Независноста на Украина, кој ќе се одржи во центарот на Скопје.

Ова е втора година како Украина го одбележува Денот на Независноста во услови на војна од големи размери на Русија против Украина.

Согласно програмата, настанот ќе започне со симболичен марш од споменикот „Тарас Шевченко“ во Парк „Жена борец“ до „Алеја на Украина“, каде ќе биде изведена Националната химна на Украина, по што ќе се обратат амбасадорката на Украина, Лариса Дир, градоначалникот на Општина Центар во Скопје, Горан Герасимовски и претседателот на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“, Олександр Урбанович.

По повод Денот на независноста ќе биде претставена изложбата „ДЕЦА НА ВОЈНАТА“, која се состои од цртежи од украински деца, соопштуваат од Украинската амбасада.

Треба да знаете
Последни објави