Search

Срби шверцувале 2 тони кокаин, фатени во меѓународни води на Атлантскиот Океан

Преку заедничка акција на Јавното обвинителство за организиран криминал, Полициското одделение Белград, Министерството за внатрешни работи на Република Србија, БИА, а во координација со Европол и надлежните полициски органи на повеќе земји, во меѓународни води на Атлантскиот океан, во едрилицата „Океанија дос“ долга 22 метри е запленет околу два тона кокаин.

Наркотичната дрога кокаин била спакувана во неколку обележани поединечни пакувања, кои биле сместени во кеси. Со едрилицата управувале еден украински и еден чешки државјанин.

Нив ги организирал сега уапениот С.К. (кој избегал претходно од затвор во Бразил и по кој беше распишана црвена потерница од Интерпол). Покрај него, од оваа организирана криминална група се уапсени: Н.С.Н.С и Б.К.

Имено, постојат основи на сомнение дека оваа организирана криминална група во периодот од март 2022 година до денес 2023 година сторила кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Оваа организирана криминална група во овој период организирала транспорт на наркотична дрога кокаин од земјите на Јужна Америка во земјите од Западна Европа и Србија заради понатамошна продажба, на тој начин што обезбедувале едрилици, контактирале со продавачи на наркотична дрога, организирале локации за прием и истовар на кокаин, криење наркотични дроги и ангажирале екипаж.

Осомничените С.К., Н.С., Н.С. и С.К., кои беа лишени од слобода на територијата на Белград и Нови Сад, се приведени во полиција, по што со кривична пријава ќе бидат спроведени во Јавното обвинителство за организиран криминал, јавува „Блиц“.

Треба да знаете
Последни објави