Search

Путин испрати сочувство до семејството на Пригожин: Тој беше талентиран бизнисмен, но направи сериозни грешки

Рускиот претседател Владимир Путин изрази сочувство до семејството на шефот на платеничката група „Вагнер“ Евгениј Пригожин, пренесува Ројтерс.

Пригожин беше меѓу десетте патници и членови на екипажот на приватниот авион што вчера се урна во Русија. Во несреќата нема преживеани, но се уште официјално не е објавено дека меѓу жртвите е и Пригожин.

Путин денеска изјави дека истрагата за авионската несреќа ќе потрае некое време.

Тој изјави дека Пригожин е „талентиран бизнисмен“ и дека го познава од деведесеттите години на минатиот век. Тој исто така тврди дека Пригожин „имал тежок животен пат и направил сериозни грешки во својот живот“.

Треба да знаете
Последни објави