Параноичниот Мицкоски сака да ја скара државата со светот и да ја однесе во изолација

Параноичниот Христијан Мицкоски сака да нè скара со целиот свет и со цела Европа. Тоа е истата реторика и истиот начин на однесување како неговиот ментор и претходник Никола Груевски. Дејствувајќи против ЕУ и против НАТО антиевропскиот политичар Мицкоски сака да ја турне земјата во неизвесност и нова изолација од 11 години, порача на денешната прес-конференција Дарко Каевски портпарол и пратеник на владеачката СДСМ и додаде:

-Прво беше лагата за „бугаризација и асимилација”, па кога тоа се покажа дека е невистина почна да зборува за бугарски диктат. Кога стана јасно дека нема никаков бугарски диктат, сега, за сопствениот неуспех, на Мицкоски му се виновни Европа и светот.

Ист како Никола Груевски.

Мицкоски едноставно има капацитети да создава само непријатели па смета дека сите и така размислуваат. Затоа параноично зборува за светски заговори.

Меѓутоа тоа укажува само на неговите лични фрустрации, на неговата лична состојба којашто е далеку од реалноста.

Македонија во овој период има огромна поддршка од меѓународната заедница, од Европската унија и има пријатели како што никогаш досега немала и тоа му е јасно секому освен на Мицкоски.

СДСМ ќе се спротивстави на секоја деструкција и обид да се закочи европскиот пат на земјата.

Треба да знаете
Последни објави