Search

Неуспешен вториот обид на Северна Кореја да лансира извидувачки сателит

Северна Кореја соопшти дека нејзиниот втор обид да лансира извидувачки сателит денеска не успеа и најави дека третиот обид ќе биде во октомври.

Севернокорејската новинска агенција КЦТА јави дека лансирањето не успеало поради грешка за време на една од трите фази од летот на ракетата.

Претходно, армијата на Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја истрела проектил со долг дострел, најверојатно вселенска ракета.

Првиот обид на Северна Кореја да лансира ракета-носач со извидувачки сателит во мај пропадна откако ракетата падна во морето набргу по лансирањето. 

Треба да знаете
Последни објави