Search

ФБИ: Најмалку 115 луѓе загинаа во пожарите на Хаваи 

Најмалку 115 лица загинаа, а 1.100 се водат како исчезнати во пожарите што ги зафатија Хаваи, соопшти денеска американското Федерално истражно биро (ФБИ). 

Во извештајот објавен од ФБИ, две недели по пожарите што го зафатија островот Мауи, е испратена покана до роднините кои би можеле да ја олеснат потрагата по исчезнатите.

Се претпоставува дека е поголем бројот на жртвите. Пожарот речиси го уништи туристичкиот град Лахаина, кој имаше 12.000 жители, а во јавноста се појавија неколку различни списоци на исчезнати лица. 

Треба да знаете
Последни објави