Search

Тропската бура „Франклин“ удри на бреговите на Доминиканската Република

Тропската бура „Франклин“ удри утринава на бреговите на Доминиканската Република со потенцијално трагични последици за населението, а поради обилните дождoви и ненадејните поплави. 

Додека бурата се движи кон север низ оваа карипска држава, метереолзите објавија предупредувања за тропска бура кај јужните и северните брегови на островот Хиспаниола, јужниот брег на Хаити и на Туркс и Каикос. 

Заклучно 11 часот, ветриштата на Франклин достигнаа брзина од 65 километри на час, а бурата се движи на север со брзина од 20 км на час, според Националниот центар за урагани. 

Аеродромите на островот, популарна туристичка дестинација, се затворени, а околу 200 лица се наоѓаат во скривалишта. Затворени се училиштата, државните установи и најмалку 25 од 31 провинција на земјата се под црвен аларм.  

Над 40 аквадукти не работат со што погодени се 830.000 корисници, јавија дел од американските медиуми. 

Треба да знаете
Последни објави