Search

Поради пожар близу Атина, грчките власти евакуираат центар за мигранти

Грчките власти издадоа наредба за превентивна евакуација на мигрантски центар во близина на Атина поради пожарот што беснее на планината Парнита, објави „Прото тема“.

Според полициски извори, околу 700 лица сместени во Центарот за притвор за странци подложени на репатријација, кој се наоѓа во атинското предградие Амигдалеза, етапно треба да бидат евакуирани.

Евакуираните странски државјани со автобуси ќе бидат однесени во сместувачките центри во Малакаса и Атина.

Се прецизира дека евакуацијата е превентивна и засега се однесува само на мигрантите, но не и на полициското училиште и техничките служби на полицијата, кои се наоѓаат на подрачјето на истото место.

Пожарот во подножјето на планината Парнита избувна во вторник напладне кај селото Фили.

Треба да знаете
Последни објави