Search

Подољак: Пригожин си ја потпиша смртната казна

Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател, на Твитер коментираше за несреќата во која наводно загина Евгениј Пригожин.

„Што се однесува до Пригожин: треба да почекаме да се расчисти маглата на војната. Сепак, јасно е дека Путин не простува на никој и го чекаше моментот“, напиша тој.

„Очигледно е дека Пригожин си потпиша специјална смртна казна во моментот кога поверувал во чудните уверувања на Лукашенко и во не помалку апсурдниот искрен збор на Путин. Отстранувањето на командата на Пригожин и Вагнер два месеци по обидот за државен удар е сигнал на Путин до руските елити пред изборите во 2024 година: „Борете се! Нелојалноста е еднаква на смртта“, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави