Search

Прекината спасувачка операција во Пакистан: Децата што останаа ќе преноќат на 400 метри над провалија

Спасувачите во Пакистан според последните информации имаат извлечено три од седум деца на безбедно, откако тие и нивниот наставник се заглавија во жичарница над висока провалија, но операцијата за спасување со хеликоптер беше прекината кога падна ноќта.

Поставени се рефлектори, а спасувачката операција на копно траела повеќе од 12 часа откако жичарницата се заглавила, велат безбедносни извори.

Армијата, наводно, испратила експерти во областа и ќе се обиде да ги спаси децата едно по едно со нивно префрлање на мала платформа.

Локалните жители велат дека пристигнале и членови на заедницата од околните места кои имале искуство во спасување луѓе на овој начин.

Една од кабелските линии што ја носеше кабината се скина околу 7 часот наутро додека учениците патуваа на училиште во оддалечената планинска област Батаграм, која се наоѓа на околу 200 километри северно од Исламабад.

Две деца се спасени, а на телевизиските снимки се гледа како едно дете со хеликоптер го креваат од жичарата. Спасувачката мисија на хеликоптерот беше комплицирана од налетот на ветрот во областа и фактот дека хеликоптерот може дополнително да ја дестабилизира кабината, пишува Ројтерс.

Треба да знаете
Последни објави