Search

Поради голем шумски пожар во Турција затворен за сообраќај теснецoт Дарданели

Сообраќајот од Егејското Море до Мраморното Море е во прекин поради шумски пожар во северозападната турска провинција Чанаккале, соопштија денеска Министерството за транспорт и Агенцијата за логистика.

„Сообраќајот во Дарданелите беше прекинат во двата правци во вторникот во 18 часот и 45 минути поради интервенција на канадер кој зема вода од морето и гаснеше шумски пожар во регионот“, објавија медиумите.

Теснецот Дарданели, тесен и историски важен премин што ги поврзува Егејското и Црното Море, служи како витален поморски пат за бродовите што сообраќаат меѓу Европа и Азија.

„Влекачите се подготвени да интервенираат доколку пожарот се приближи до морската граница, со дополнителна поддршка на операциите за гаснење пожари кои се во тек“, соопшти Министерството за транспорт.

Треба да знаете
Последни објави