Search

МВР: Полициските хеликоптери исфрлија над 80 тони вода, продолжува гасењето на пожарот на Јакупица, во близина на велешкото село Богомила

Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР дејствува во реонот на планината Јакупица, во близина на велешкото село Богомила каде успешно беа изгаснати неколку краци од пожарот кој настана денеска, но пожарот се уште е активен и заедно со пожарникарите од ТППЕ Велес се преземаат дополнителни мерки за негово гасење, соопшти МВР.

„По добиено барање од Центарот за управување со кризи дека поради непристапниот терен во шумата потребно е да се активираат два хеликоптера на МВР, веднаш е постапено и хеликоптерите до сега прецизно исфрлија над 80 тони вода“, се вели во официјалната информација.

Хеликоптерот Ми-171 како што појаснуваат во 25 налета исфрлил преку 60 тона вода, а хеликоптерот БЕЛЛ 212 во 20 налета исфрлил преку 20 тона вода.

Треба да знаете
Последни објави