Search

Кој од ВМРО-ДПМНЕ најавил „менување на плочата“ за Уставот за две години од сега?

Многу прашина се крена откако во јавноста се пренесе сведоштвото на бугарскиот новинар и сопственик на агенцијата Бгнес Љупчо Нешков, за наводна средба со „човекот кој ја командува“ опозицијата во Македонија

„Пред два дена кај мене беше, човекот кој можеби ја командува опозицијата во Македонија и најблискиот човек на Никола Груевски. И во нашето спорење што треба да се случи, дали треба да се поддржи тој со таков бес и жестокост повикуваше за избори и за распуштање на Парламентот, што во еден момент не слушаше никакви аргументи од спротива. И кога го прашав – што ќе се случи, откако вие од Македонија ќе бидете одвоени тој ми рече: ‘Две години ќе си играме така, и потоа ќе ја смениме плочата’“, изјавил Нешков во гостување на БТВ, а пренесува новини.бг

Нешков не открил повеќе детали за тоа кој би можел да биде човекот кој наводно ја управувал македонската опозиција и кој бил близок на Никола Груевски, а молк на оваа тема досега има и од ВМРО-ДПМНЕ.

Ако ваквите тврдења на Нешков се точни, тоа значи дека е вистинита тезата што кружи во јавноста, дека ВМРО-ДПМНЕ не е против уставни измени и дека ќе гласа за нивно усвојување, но откако претходно ќе дојде на власт.

Оттука може да се насети дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се противи на уставните измени и да бара брзи предвремени избори, додека меѓународниот притисок ќе продолжи да се зголемува.

Инаку во Собранието се одржа седницата на која треба да се расправа за уставните измени, но спикерот Талат Џафери ја прекина и не се знае кога таа ќе продолжи.

Треба да знаете
Последни објави