Search

Ковачевски: Вучиќ лично ќе се извини доколку некој македонски граѓанин е навреден

Вечерва разговаравме со српскиот претседател Александар Вучиќ во Атина. Ме увери дека како преставник на српската држава, тој ги смета македонскиот народ и македонската држава за исклучително пријателски и дека доколку некој македонски граѓанин е навреден од било која порака од српската држава, тој лично ќе се извини.

Ваква порака вечерва на Фејсбук испрати премиерот Димитар Ковачевски откако спрскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ изјави дека признавањето на Косово ќе им се удри од глава на С Македонија и на Црна Гора, по што македонскиот министер за надворешни работи побара појаснување.


Треба да знаете
Последни објави