Search

Вучевиќ до Османи: И покрај злонамерните медиумски известувања, Србија е доверлив партнер на сите соседи

 По реакцијата на шефот на дипломатијата Бујар Османи на изјавата на српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ, на социјалната мрежа Икс се огласи Вучевиќ, одговарајќи му дека „и покрај сите злонамерни и неосновани медиумски известувања, Србија делува како одговорен, доверлив и предвидлив партнер на сите наши соседи“.

Османи претходно објави дека „Северна Македонија го отфрла мешањето и несоодветните забелешки од функционерите од соседството. Се залагаме за регионална стабилност и соработка, вклучително и со Србија и Косово“, реагирајќи на изјавата на Вучевиќ, кој вчера кажа дека „Северна Македонија и Црна Гора се огрешија кон Србија со признавањето на независноста на Косово“.

Вучевиќ, пак, преку Икс, му одговори на Османи дека подрршката на Србија за територијалниот интегритет на сите земји-членки на ОН е безусловна.

-Сепак, не можеме да пофалиме ничие непочитување на нашиот сопствен територијален интегритет. Неодамнешните настани ги потврдија нашите предупредувања дека Унилатералната декларација на независност на Косово (sui generis) не е уникатен случаји дека ќе им се врати порано или подоцна. Никој во Србија не ликува за тоа, само ги посочуваме фактите, напиша Вучевиќ. 

Вучевиќ, меѓудругото, вчера во изјавата оцени дека постои голема меѓународна поддршка за создавање на Голема Албанија, нагласувајќи дека тоа не е прашање само за Србија, туку и за нејзините соседи.

-Дали нашите пријатели во Северна Македонија спијат мирно? Дали спиете мирно? Тие мислат дека се во НАТО пактот и ги решиле своите проблеми со него. Тоа е мантрата и на Црна Гора и на Северна Македонија. Кога станаа членки на таа колективна безбедност, односно НАТО Алијансата мислат дека си ги решиле сите проблеми и дека ништо не може да им се случи, рече вчера Вучевиќ. 

Треба да знаете
Последни објави