Search

Завршен изборот на композиции на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“

Завршени се основните подготовки за реализација на Фестивалот на забавни мелодии  „Макфест“. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, вели дека завршен е изборот на композиции, а фестивалот како и претходната година ќе се одржи во Центарот за  култура „Ацо Шопов“-Штип.  И оваа, како и претходната година, фестивалот го финансира Општина Штип.

-Оваа година општината сама ќе го организира овој фестивал. Очекувам да произлезат добри мелодии кои ќе ја збогатат музичката сцена. Ќе настапуваат и веќе афирмирани музички имиња, но и дебитанти коишто ќе се промовираат на македонската музичка сцена. Ќе се одржи кон средината на октормви во Домот на култура „Ацо Шопов“. Основните подготовки веќе се направени, завршен е изборот на композиции, рече Јорданов.

Оваа година од Министерството за култура беа додели 400.000 денари за „Макфест“ кои од страна на Јорданов беа одбиени.

-Со настан како „Макфест“, кој се организира редовно секоја година во Штип, градот добива посебен белег по кој се памети, додаде Јорданов.

Како и претходната година, и оваа тој очекува посетители од регионот, но и од цела држава. 

Треба да знаете
Последни објави