Search

Собраниската седница докажа: ДПМНЕ е против ЕУ, единствената идеологија им се блокадите

Денеска се докажа дека пред проевропската коалиција единствена идеологија на ДПМНЕ и Левица се блокадите и одолговлекувањето. 

80% од македонските граѓани кои се проевропски ориентирани ќе паметат и нема да им простат на оние кои без никаква причина го блокираат патот кон ЕУ. 

Сите се сеќаваме како владата на Никола Груевски го блокираше патот кон ЕУ и НАТО и како Мицкоски гласаше против членството во НАТО. 

Денеска видовме дека Мицковски е како Груевски. Сака да не влече уште 11 години за ништо, само заради неговата фотелја.

Неодговорноста и немањето државнички капацитет на ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја одврати проевропската коалиција предводена од СДСМ. Ќе направиме се за да ја пробиеме блокадата во наредните недели.

Се работи за иднината на државата. Ќе се бориме за европска иднина и ќе победиме затоа што мнозинството македонски граѓани стојат зад членството во ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави