Search

Момент за вистината, седницата за уставни ќе покаже кој е за, а кој против ЕУ

Повеќе нема простор за Христијан Мицкоски и неговите манипулации пред јавноста.

Денешната седница во Собранието на која ќе се расправа за уставните измени ќе покаже дали Мицкоски и ДПМНЕ се за или дефинитивно се против ЕУ.

Со уставните измени се зајакнува мултиетничкиот карактер и македонскиот идентитет, затоа што македонскиот јазик е признаен во ЕУ и со преговарачката рамка и поради дефиницијата за македонската посебност.

Измените на Уставот се потребни за да продолжи нашиот евроинтегративен процес и отворањето на поглавјата од процесот на преговори.

Но, Мицкоски со голема леснотија кажува дека е подготвен да им ја блокира европската иднина на граѓаните земјата, исто како Груевски.

Седницата е последна можност, да покаже Мицкоски дали избрал интеграција во ЕУ или е за изолација, седнат во скутот на Левица.

Доколку ја одбере Левица и анти-европскиот блок Мицкоски отворено застанува против Македонија, против врвните национални и државни интереси на македонската држава-членство во ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави