Search

Илјадници луѓе бегаат од шумските пожари во северна Канада

Илјадници луѓе кои живеат на далечниот север на Канада се собираат на аеродромот Јелоунајф, формирајќи колони од автомобили на единствениот автопат кој води јужно до огромната територија загрозена од бројни шумски пожари.

Повеќе од 20 илјади луѓе треба да бидат евакуирани од Јелоунајф, административниот центар на северозападната територија, до денеска напладне, на кој му се заканува огромен шумски пожар што е на само петнаесет километри од градот.

Со авион вчера беа евакуирани околу 1.500 жители, а за денсзка се закажани најмалку 22 лета од Јелоунајф. Властите на територијата проценуваат дека ќе можат да евакуираат околу четвртина од населението по воздушен пат и не ја исклучуваат можноста акцијата да продолжи и в сабота.

Во меѓувреме се мобилизира и соседна Алберта, каде се отвораат засолништа, од кои најблиското е оддалечено 1.150 километри од Јелоунајф.

Невидени пожари беснеат низ Канада од пролетта. Во последните години земјата се соочува со екстремни временски појави, чиј интензитет и зачестеност се зголемуваат поради климатските промени.

Треба да знаете
Последни објави