Search

Данска во фокус на втората вечер од „Македокс“

На втората вечер од 14. фестивал на креативен документарен филм „Македокс“, ќе биде отворена програмата „Земја“ во фокус – Данска. Заедно со Данскиот филмски институт е составена програма од 12 дански долгометражни документарни филмови, а светски познатиот дански монтажер Јеспер Осмунд ќе одржи и работилница за монтажа заедно со данскиот критичар Ту Стин Милер, се наведува во денешното соопштение на организаторите.

– Во текот на викендот, покрај филмската програма од селекцијата за главната програма, кратките документарци, „Нови автори“ и студентската програма, во Сули-ан ќе се одвива филмската соработка со фестивалот на анимиран филм „Флипбук“, каде што ќе бидат прикажани неколку наградувани анимирани документарни филмови кои биле дел од програмата „Анидок“. Тематски фокус на 14. „Македокс“ е монтажата на документарните филмови со мото #пресечи (#cutit). 

Филмската програма на 14. „Македокс“ веќе е распостелена на три локации во Старата чаршија, во Куршумли-ан, на платото пред Музеј на Македонија и во Сули-ан, додека за време на викендот филмови од младинската и детската селекција ќе бидат прикажувани во Младинскиот културен центар, а мастеркласовите ќе се одржат во Даут-пашиниот амам.

Треба да знаете
Последни објави