Search

Вработени на Онкологија краделе лекови и ги продавале приватно

Против повеќе лица вработени на скопската Клиника за онкологија и радиотерапија се покренати истражни постапки за кражба и поткуп за примање терапија во Основното јавно обвинителство, потврдија од таму за „Фокус“.

„Во Основното јавно обвинителство Скопје има предмети кои се однесуваат на конкретни лица осомничени за кражба и поткуп за примање терапија на Клиниката за онкологија. Еден од тие предмети е во судска постапка по поднесено обвинение, а по останатите се постапува.

Јавното обвинителство ги анализира извештаите на Државниот завод за ревизија, но и написите на медиумите на оваа тема. Доколку притоа се констатираат елементи на кривично дело кое се гони по службена должност, обвинителството ќе постапи и ќе ги испита наводите“, се наведува во одговорот од ОЈО.

Треба да знаете
Последни објави