Search

Четири неодговорени прашања за убиствата и монструмот од Градачац

Нермин Сулејмановиќ (35), бодибилдер и фитнес инструктор со дебело криминално досие, го зави во црно гратчето Градачац, БиХ,  убивајќи тројца, и тешко ранувајќи уште три лица.

Тој дополнително ја шокираше јавноста и целиот регион бидејќи своите убиства ги пренесуваше во живо на „Инстаграм“.

Во изминатата недела беа откриени многу детали за грозоморното злосторство кое дефинитивно можеше да се спречи, пишува „Блиц“.

Монструмот имал свесна или несвесна поддршка од оние кои, пред се, требало да ја заштитат неговата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, која со своето деветмесечно бебе побегнала во куќата на нејзината тетка поради семејно насилство.

Многу делови од оваа монструозна криминална сложувалка сè уште не се составени. Ова се четирите најважни прашања во врска со Нермин Сулејмановиќ кои се’ уште се неодговорени.

1. Кој и каде ќе го закопа?

Телото на тројниот убиец е во Комеморативниот центар во Тузла, а до денес никој не поднел барање за негово подигање. Оваа информација за „Клих.ба“ ја потврди Фарук Латифагиќ, директор на Комеморативниот центар во Тузла.

„Обдукцијата е направена и телото е кај нас, а подготвено е за погреб. Сега е потребно лекарот кој ја констатирал смртта да издаде потврда за смрт и дозвола за погреб. Чекаме членови на семејството или некој од Градската управа на Градачац да не контактира за отстранување на телото, бидејќи се работи за лице од нивното подрачје“, изјави Латифагиќ.

За ова прашање се огласи и таткото на убиецот, Фикрет Сулејмановиќ.

„Нема кој од семејството да го погреба. Тоа го договарале, па дури и го организирале неговите соборци и пријатели криминалци. Тоа што го направи е испровоцирано, не може нормален човек, само негативец“, изјави Фикрет Сулејмановиќ.

Нермин Сулејмановиќ, според сите проценки, би можел да ја доживее судбината на Вук Бориловиќ, масовниот убиец од Цетиње – да му се избришат сите траги. Имено, никој не знае каде и кога е погребан Бориловиќ.

2. Кој му давал информации?

Најголем дел од вниманието сега е посветено на откривањето дамки во редовите на полицијата и судовите кои на убиецот му ја откриле локацијата на која се криела неговата невенчана сопруга и на тој начин практично му овозможиле да ја убие.

Главна осомничена е локалната полицајка Џенан, за која роднините на Незима Хеќимовиќ тврдат дека била во врска со убиецот, пишува „Блиц“.

Затоа уште од првиот момент, како што пишува весникот, се појавил дека му дава информации од истрагата и наводно ја открила локацијата каде се кријат Низама и нејзината ќерка. Џенан до вчера беше надвор од Босна и Херцеговина, на одмор во Италија.

„Лично слушнав кога Нермин и кажа дека е во врска со Џенан“, рекла тетката на убиената Незима.

Неколку дена пред масакрот, локалниот суд го отфрлил предлогот на МУП да му забрани на Сулејмановиќ да и се приближува на жртвата.

Судијката Лејле Нумановиќ одбила да ја изрече таа мерка велејќи дека „нема доволно докази“.

Конечно, под истрага е и висок инспектор на локалната полициска станица. Се сомнева дека долго време бил во контакт со Сулејмановиќ, заедно оделе во теретана, а извесен период му бил и тренер.

Со Сулејмановиќ се дружела и ќерката на овој инспектор.

3. Дали другите убиства биле планирани или случајни?

Главна мета на Сулејмановиќ била неговата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, која прва ја убил. Сепак, се уште не е разјаснето дали другите жртви, убиени и ранети, случајно биле мета на монструмот или тој одлучил да ги убие од претходно.

Сулејмановиќ го познавал семејството Ондер, па ладнокрвно ги убил синот Денис и таткото Џенгиз, а подоцна ја ранил нивната мајка, односно сопругата Хариса.

Нивната ќерка Хана на погребот истакна дека „не може да си прости што го запознала Сулејмановиќ со семејството“, обвинувајќи се себеси за нивната средба кога имала само 16 години.

Сепак, врз основа на убиствата снимени на Инстаграм, за време на директниот пренос на масакрот, излегува дека средбата на Сулејмановиќ со Ондери била – случајна!

„Ги убив таткото и синот. Господ знае како налетаа на мене. Убив жена и двајца непријатели. Се надевам дека го убив и полицаецот. Бебето е живо“, изјави тогаш Сулејмановиќ.


4. Зошто престанал да убива?

Сулејмановиќ убил три лица, повредил уште три, а потоа застанал. Снимил видео, па се самоубил пред полицијата, иако претходно од ловџија зел повеќе муниција и го наполнил до врвот резервоарот на БМВ-то во кое се возел.

Затоа, се поставува прашањето зошто се предомислил, бидејќи ништо не укажувало дека го завршил масакрот.

„Ги предупредив сите по ред дека ќе дојде до ова. Чекам да го наполнам оружјето и да продолжам понатаму“, беа последните зборови на монструмот во преносот на „Инстаграм“.

Треба да знаете
Последни објави