Search

Столтенберг: Само Украинците можат да одлучуваат за условите за преговори со Русија

Останува на Украина да одлучи за условите за преговорите со Русија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

„Украинците, и само Украинците, можат да одлучат кога се исполнети условите за преговори и кое е прифатливо решение“, изјави Столтенберг, а објави британскиот весник „Гардијан“.

Тој додаде дека улогата на НАТО е да ја поддржи Украина.

Неговата изјава следи по коментарите на неговиот шеф на кабинетот, Стјан Jенсен, дека Украина би можела да стане членка на Алијансата во замена за отстапување на одредена територија на Русија како дел од договорот за завршување на војната. Jенсен подоцна рече дека жали за неговиот коментар.

„Неговата порака и мојата главна порака е, прво, дека политиката на НАТО е непроменета – ја поддржуваме Украина“, нагласи Столтенберг.

На самитот минатиот месец, НАТО изјави дека ќе ја покани Украина да се приклучи на воената алијанса кога „членките ќе се согласат и ќе ги исполнат условите“ и дека земјата има право да го избере својот пат независно од Русија.

Треба да знаете
Последни објави